Насловна / Вести / „Ароганција на просторот“: Мапирање на неправичната распределба на јавниот простор и урбаната инфраструктура

„Ароганција на просторот“: Мапирање на неправичната распределба на јавниот простор и урбаната инфраструктура

Нееднаквата распределба на јавниот простор во градовите во однос на простор за движење на пешаци, велосипедисти, и автомобилите од друга страна, е проблематика која ја истражува специјалистот за мобилност Mikael Colville-Andersen, и ја нарекува „Ароганција на просторот“.

Тој е урбанист и основач на Copenhagenize и верува дека ова истражување може да се употребува за подобрување на решенијата за улици проектирани во минатиот век, кои се направени примарно за автомобилите. За да ја илустрира оваа состојба, Mikael Colville-Andersen ја анализира количината на простор алоцирана за сите групи учесници во сообраќајот, како и т.н. „мртов простор“ кој останува неискористен, на улиците на Калгари, Париз и Барселона. Тој прави споредба меѓу сите сегменти користејќи различни бои. Неговите резултати и заклучоци Ви ги презентираме во продолжение.

Париз

На крстосницата помеѓу Quai Branly и Pont d’Iéna во Париз, може да се забележат подрачјата за пешаци, велосипедисти и возила. Со црвена е обележан делот за автомобили, сина за пешаци, жолта за зградите и виолетова за велосипедистите. Дополнително, со сива боја е означен „мртвиот простор“ кој јасно е дека може да се отстапи на пешаци и велосипедисти. Користејќи статистички податоци за бројот на граѓани во секој од овие сектори односно нивната фреквенција, тој покажал дека актуелната поделба на јавниот простор не одговара со барањата и потребите.

pariz-mapiranje-na-prostorot pariz-mapiranje-na-prostorot1 pariz-mapiranje-na-prostorot2

 

Калгари

kalgari-mapiranje-na-prostorot1

kalgari-mapiranje-na-prostorot

 Барселона

 barcelona-mapiranje-na-prostorot barcelona-mapiranje-na-prostorot1

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top