„Архстојание“ е годишен меѓународен ленд – арт фестивал на пејзажни објекти во селото Никола-Лењивец во Калушката област во Русија (210 километри од Москва). Овој уникатен проект нуди нов пристап кон развојот на областите и ја претставува идејата за интеракција со пејзажот преку креативни практики и современа уметност.
„Вавилонски водовод“, ::vtol:: Москва, 2013
Монументалните објекти кои овде се поставуваат ги изработуваат уметници, дизајнери и архитекти од Русија и странство, а распоредени се на 300 хектари традиционален руски пејзаж.
„Арка“, БЕРНАСКОНИ, 2012
Првите објекти почнале да се појавуваат околу селото, откако московските уметници и архитекти почнале таму да градат свои куќи и работилници во 1989. година. Во 2006. година, на иницијатива на Николај Полиски, руски современ уметник, скулптор и сликар, основан е фестивалот „Архстојание“. Постојани организатори се непрофитното партнерство „Проект Никола-Лењивец“, продуцентката Јулија Бичкова и кураторот Антон Кочуркин. Гости куратори на фестивалот биле Олег Кулик во 2010 година, Катја Бочавар во 2013 година. За прв пат, странец, Ричард Кастели (Франција), е поканет во улогата на куратор на „Архстојание“ 2014.
„Супстанца“, Димитри и Елена Каварга, 2016
Објектите што се создадени благодарение на „Архстојание“ станале дел од пејзажот на Никола-Лењивец. Од 2006. година, тука се создадени 101 уметнички објект, повеќе од 150 автори учествувале на фестивалот, меѓу кои Франсоа Рош (Франција), Николај Полиски, Александар Бродски, Адријан Гаизе и бирото West 8 (Холандија), АБ Manipulazione Internazionale, Јуриј Григорјан, бирото БЕРНАСКОНИ и други. Сега на територијата на Никола-Лењивец, има повеќе од 40 објекти, вклучително и нефестивалски објекти на Николај Полиски. Некои објекти се преместени на други локации.
„Движење преку ротација“, Роман Ермаков, 2014
Благодарение на „Архстојание“, Никола-Лењивец стана место за живеење и творење во природа, каде што денес се градат големи уметнички и архитектонски објекти. Никола-Лењивец е отворен за приватни иницијативи, соработка меѓу бизнисот и владата и потрагата по нестандардни решенија во области од уметност до еко-земјоделството.
Ѕcrew me, R&SIE(N), 2008
Целите на „Архстојание“ се развој на модерната архитектура, пејзажната архитектура и уметноста, институционализирање на местото како меѓународно „експо“ во областа на пејзажот, архитектурата и уметноста.
„Штаб“, Алыча, 2017
Исто така се стреми да ја развие областа и нејзината посебност со помош на современи социокултурни, земјоделски и уметнички практики, а во меѓувреме да созде одржлив екосистем чија цел е да создаде нов начин на живот.
„Личен универзум бр.5“, Дмитри Жуков, 2016
Фестивалот се одржува еднаш (во лето) или двапати (во зима и во лето) еднаш годишно. Обично целата структура на настанот е поделена на два дела: „Архстојание“ за деца и „Архстојание“.
„Селпило“, Николај Полиски, 2015
Првиот дел е организиран за деца и млади, а вториот за пософистицирани познавачи на уметноста. Па така претставува прв руски фестивал на современа уметност за целото семејство. Мисијата на „Архстојание“ е преку уметност да едуцира нова, отворена и креативна генерација способна да ги помести границите на познатото кон нови хоризонти.
Наредниот фестивал „Архстојание“ ќе се одржи од 28. до 30. јуни 2024. година.
„Град на сонцето“, „Со-Здание”, 2018
„Рибник на лајкови“, „Со-Здание”, 2018
„Игри“, Катја Финкелштајн, 2020
„Руски идеал“, Јуриј Квијатковски, Николај Попов, аудиовизуален ритуал, 2021
„Мавзолеј на сон“, Тотан Кузембаев, 2022
„Портал на самоспознавање“, 2023