Заинтересираните граѓани за легализација на бесправно изградени објекти ќе можат до 20 часот, во архивата на општина Центар да ги поднесат неопходните документи.
Поради интересот на жителите, општина Центар денеска, последниот ден од рокот за поднесување на документите, го продолжува работното време од 16 до 20 часот.
Доколку граѓаните не можат да ги поднесат барањата во архивата на општина Центар, тогаш тоа можат да го сторат преку пошта, со денешен датум и печат.
Барањето за легализација може да го најдат на веб страната, во графата „Сервис за граѓани“.