Насловна / Архитектура / Архитектурата – показател на нивото на општествена свест

Архитектурата – показател на нивото на општествена свест

DSC03739

Архитектот Томе Тимов е роден во 1958 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1983 година. Живее и работи во Струмица. Од 1983 до 1990 година работи во проектантската фирма „Проектант“, а во 1990 год. формира сопствена проектантска фирма „Вектор 90“, која 24 години работи во областа проектирање и урбанистичко планирање. Во досегашната работа има проектирано голем број објекти од најразлични категории и намени. За изработените проекти и архитектонски реализации, добитник е на повеќе признанија и награди од страна на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

8.1

Куќа 2 во Струмица

– 1995 – Признание на БИМАС 95 за придонес во областа на архитектурата и негување на современтата архитектонска форма.

– 1997 – Признание на БИМАС 97 за објект Крстилница во Струмица

– 2000 – Признание на БИМАС 2000 за успешна реконструкција на сакрален објект

– 2002 – Признание на БИМАС 2002 за проект на управна зграда на СО Босилово

– 2003 – Годишна награда на ААМ за реализиран објект на управна зграда на СО Босилово

– 2004 – Гран при на БИМАС 2004 за реализиран објект

– 2007 – Втора награда за идеен проект за доградба, надградба и адаптација на Собрание на Република Македонија.

8.3

 Куќа 2 во Струмица, ентериер

Кој е Вашиот херој?

 Мој Херој во ова време на тотално изместени вредности, е оној што успева да остане Човек и е спремен безрезервно да дава, не калкулирајќи што ќе добие за возврат.

Ваше мислење за македонската архитектура денес?

 Архитектурата отсекогаш била показател на нивото на општествената свест  и развој. Денешната македонска архитектура е најочигледен пример за тоа. Живееме и твориме во време кога единствено е важно запазувањето на формалната страна на работите, додека суштината воопшто не е предмет на интерес. Свеста за почитување и одржување на веќе изграденото, воопшто не може да се препознае.

Во такви околности, постојат урбанистички планови кои се сведуваат на пресликување на регулатива, и во практика имаат само ограничувачка, наместо развојна компонента. За она што би значело креирање, зачувување  на амбиентот и обликување на просторот, не станува збор. Во такви услови (за жал) во голем процент се продуцира архитектура со непростливо ниска вредност за која најчест изговор е удоволувањето на желбите на инвеститорот.

 3

Објект за продажба на мебел

Набројте три објекти кои се најзначајни за Вас?

Градскиот трговски центар во Скопје – прекрасен пример на функционалност  и вклопеност во изградена средина.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје – функционален и маркантен објект, со трајна архитектонска вредност.

Објектот на Македонска опера и балет – современа архитектура која е многу понапред од времето кога е создадена.

2

Источно-католичка црква во Струмица

Што претставува архитектурата во светот?

Архитектурата во развиениот свет е во тек со современата мисла, технолошкиот  развој и поприма сè повеќе мултидисцилинарна улога. Во такви околности, постојат примери на врвна архитектура со префинето чувство за амбиентот и просторот што се создава.

Од друга страна, постојат и многу примери кај кои се гледа дека акцент се става само на формата, оставајќи ја во втор план функцијата.

И архитектите во светот не се имуни на комерцијализацијата. Меѓутоа, очигледно е  дека постои посветеност и студиозност во практикувањето на архитектонската дејност, како и урбанистичка регулатива која поставува простудирани и јасни принципи за креирање на просторот.

1

Дом за свештеници на Источно-католичка црква во Струмица

Каков е односот на младите кон архитектурата?

Интересот на младите кон архитектурата расте во последните години. Отвореноста на светот и Интернетот го прават своето. Природно е кај нив да постои интерес и желба за следење и вклучување во светските архитектонски текови.

Прашање е само колку тие се реално подготвени за тоа и дали и каков пример за нив сме ние со нашето практикување на професијата.

5.25.1

Летниковец и базен во куќа во Бардовци – Скопје

Што не се гледа на фотографија, а е интересно за вашите објекти?

Не постојат  услови за нивна доградба и надградба.

Најинтересен е делот дали и колку инвеститорот се идентификувал со објектот.

 P.4

Библиотека во Берово

На кој проект работите во моментов?

Вообичаено работиме паралелно на повеќе проекти.

Во моментов завршуваме проект за Дом за стари лица во Кочани.

Активно сме ангажирани со надзор над изградбата на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, за кој го имаме изработено и Основниот проект.

4

Куќа 1 во Струмица

Ваши идни архитектонски планови?

Идните планови се врзани за секојдневниот опстанок во професијата во услови кога не постојат нормативи за нејзино реално вреднување. Целта е да се создаваат проекти со функционален и естетски квалитет на ниво на времето во кое живееме.

7

Деловен објект Василево – Струмица

P.8

Деловно-станбен објект во Струмица

P.5

Куќа во Неготино

P.7

Магацин со деловни простории во Василево, Струмица

P.9

Callider activity centre – Софија (конкурсен труд)

Испрати коментар

Scroll To Top