Шведската компанија Offecct во соработка со Фондацијата „Френк Лојд Рајт“, создаде акустични ѕидни панели, кои всушност се реплика на плочки од една од неговите познати куќи.
Дизајнот на акустични ѕидни облоги бил инспириран од декоративни плочки кои познатиот американски архитект ги користел за обликување на фасадата на Ennis House во Лос Анџелес, која била изградена во 1924 година. Тоа беше најголемата куќа од неговиот опус Textile Block Houses, кој се состои од четири објекти. Ennis House претставува најновиот модел во колекцијата на панели Soundwave која се состои од 16 различни модели.
Сите 16 модели биле дизајнирани од различни дизајнери. Првиот модел од колекцијата бил дизајниран од хелсиншкиот дизајнер Teppo Asikainen во 1990 година, пишува Dezeen. Најновиот модел на акустичниот панел е инспириран од делото на Френк Лојд Рајт, кој почина во 1959 година.
„Offecct е компанија која е многу заинтересирана за историјата на архитектурата. Секогаш сме се восхитувале на делото на Френк Лојд Рајт, и оваа нова соработка е навистина врв во развојот на нашата компанија“, изјавил Kurt Tingdal, извршен директор на Offecct.
Дизајнерите целосно го сочувале изгледот на плочките на Рајт, кој само од варијантата во бетон е направен од рециклиран полиестер.
Инаку, плочките Ennis се дизајнирани за внатрешна употреба, а Рајтовиот дизајн на плочката, покрај тоа што е убав, има и геометрија што апсорбира звук.
Тие се погодни за инсталација во простории каде што треба да се постигне добра акустика, како што се, на пример, музички сали или деловни простори во кои тие ќе помогнат во намалување на бучавата.
Стартувањето на плочките Ennis се совпаѓа со 150-годишнината од раѓањето на Рајт.