Локацијата на училиштето North Perlic во предградието на Лонс, Франција карактеристична е по својата нагласена топографија. Проектот на архитектите од бирото Camborde Architectes е дел од силниот контекстуален пристап: поставувајќи го во согласност со патеката Cami Salié, тој создава заштитна чаура во срцето на училиштето.
Училиштето е проектирано на две нивоа, свртено е кон југ со панорамски поглед на Пиринеите. Објектот е поделен на три посебни згради (училишна, угостителска и воннаставна) физички поврзани со бакарен кров кој ги покрива сите содржини. Детската имагинација, сетилата и креативноста се предизвикани и ги развива самата архитектурата на зградата: покривот инспириран од оригами со низа панели. Набораната форма на кровот во комбинација со наизменична низа на ѕидови од дрво и бетон создава живи и динамични фасади.
Ритамот на отворите прошаран меѓу дрвените облоги потсетува на подвижен „еквалајзер“. Распоредот на подрумските прозорци го нагласуваат разиграниот аспект на зградата. Бетонските рамки ги нагласуваат отворите и создаваат седишта за децата. Играта со формите и материјалите се одразува и во ентериерот.