Во Персискиот залив на островот Саадијат ќе се градат џамија, синагога и црква, а сето тоа во рамките на новиот туристички центар на Абу Даби.
Островот Саадијат претставува нов туристичко-културен проект на Обединетите Арапски Емирати кој моментално е во фаза на изградба и до 2020 година, кога се планира да завршат градежните работи, би требало да биде заедница на различни комерцијални, станбени, но и верски објекти. Овој остров, оддалечен само пет минути возење од Абу Даби, еден саат од Дубаи и на 20 минути возење од меѓународниот аеродром ќе биде нов културен центар на Персискиот залив. Проектот на архитектонската фирма Adjave Associates е избран како победнички на меѓународен конкурс.
“Овој простор ќе биде отворен за целиот свет со надеж дека покрај овие објекти народите од сите вери и ширум светот ќе може да учат и да учествуваат во мисијата за мирен соживот за генерациите кои доаѓаат“, вели познатиот архитект David Adjave од фирмата Adjave Associates.
Проектот го сочинуваат три верски објекти во кои посетителите ќе може да извршат обреди, а предвиден е и центар за посетители.
Чистата геометрија низ три кубични форми ги обединува просторите, а сепак секој од нив има суптилно истакната разноликост низ дизајнот на фасадата.