Насловна / Архитектура / Архитектурата е многу повеќе од создавање засолништа

Архитектурата е многу повеќе од создавање засолништа

Миша Витзман е еден од партнерите во архитектонското студио Каравиц во Париз. Заедно со својата сопруга, исто така архитект, Милена Каранешева го води студиото над десет години. Нивниот фокус е ставен пред сè на квалитетни и одржливи станбени објекти. За неговите погледи на архитектурата разговаравме во текот на дводневната конференција САЕЕ која се одржа во Белград, во текот на месец октомври.the-partners

Како го опишувате Вашиот архитектонски пристап?

Ние имаме прилично прагматичен пристап. Сакаме едноставни мисли и сме под влијание на традиционалната архитектура, што доведува до тоа да се обидуваме да ги разбереме едноставните принципи на градба.

Дали Вие влијаете на клиентите за архитектурата да биде одржлива или тие доаѓаат кај Вас  со барање – проектите што ги работите да имаат одржливи својства?

Нашите клиенти главно знаат многу за концептот на одржливост, а кај нас доаѓаат бидејќи знаат што е тоа што ние го работиме и дека знаеме многу на оваа тема. Кога ќе видат како ние работиме голем број од нив сакааат ние да им ја проектираме куќата. Денес многу се зборува за одржливост на архитектурата, тоа е нешто што го „продава“ проектот, иако сите не пристапуваат кон тоа со сериозност.the-team

Која е придобивката од учество на настани како што е конференцијата SAEE?

На вакви настани имам можност да видам архитекти од целиот свет и како тие успеваат да создадат одлична архитектура. Тоа е секогаш добра работа.

Можете ли да ни кажете нешто за Вашите тековни проекти?

Во текот на моетото предавања покажав многу мали проекти, ние сме мало, младо архитектонско студио кое расте. Најмногу работиме станбени објекти, семејни куќи, но сега добиваме и поголеми проекти како станбени згради со околу 100 единици. Исто така почнавме да работиме и деловни објекти.Karawitz 07_traité

Како ја доживувате архитектонската сцена во Франција?

Верувам дека се работи за богата средина за архитектите, особено во Париз каде што има многу работа. Нивото на конкуренција е многу високо. Сепак да се гради во Париз не е лесно, бидејќи тој е густо населен град, така што има многу работа за реконструкција и реставрација, што е сепак тешко бидејќи архитектурата е заштитена со закон.

Колку можеме да ја разбереме состојбата на  архитектурата во општеството?

Архитектурата е поврзана со општеството. Луѓето сакаат да имаат добра архитектура под која се подразбира и одржлива архитектура, но тоа што често го гледаме не припаѓа во таа категорија. Особено масивните градби ширум светот не спаѓаат во одржлива архитектура. Постои контрадикција што се однесува на економските аспекти. Компаниите во потрага за профит сакаат многу да градат и тие градби да ги продаваат како зелени. Градбите имаат одредени одржливи аспекти, но можат да бидат далеку од вистинската одржлива архитектура.

SCRE_000264803_send

SCRE_000264231-42_send

SCRE_000265297-103_send

Какво е Вашето мислење за стандардите за зелена градба како LEED, Bream или HQE?

Овие стандарди беа потребни на почетокот, и денас се потребни за да направат разлика помеѓу  обичните згради и градбите што имаат сегменти на одржливост. Денес ги има премногу, тешко е да се разберат и кои од тие стандарди треба да се следат. Сè се сведува на тоа дека сите ги сакаат тие сертификати, но забораваат што е важно. Вистинската зелена архитектура може да има одредени сертификати, но таа е тоа и без нив.

Што е архитектурата за Вас?

Пред сè, таа е потребна за основната потреба да се овозможи живот на земјата. Исто така, архитектурата има врска и со филозофијата и со религијата. Архитектурата е много повеќе од создавање засолништа.

Како ја гледате архитектурата за десет години?

Мислам дека архитектурата доцни во технолошка смисла во однос на другите индустрии, како на пример автомобилската индустрија. Верувам дека архитектурата оди во правец на  компјутеризација и автоматизација. Архитектурата е класична професија, многу архитекти веруваат дека таа е професија што изумира. Јас верувам во спротивното, верувам дека ќе стане сè позначајна и поважна бидејќи секогаш е потребен некој кој ќе одлучи како нешто да се направи. Компјутеризацијата е важна, но секогаш ќе има потреба некој да одлучи што да се направи и да му се даде смисла на тоа.

Кога одлучивте да бидете архитект?

Јас не бев сигурен дали да студирам архитектура. Барав нешто што е општо. Верувам дека тоа беше вистинска одлука, како архитект се занимавате со многу животни аспекти. Додека студирав не бев сигурен околу својата одлука, но на крај сфатив дека јас сакам тоа да го работам. Студирав во Виена.

SCRE_000275214_send

SCRE_000275840_send

Каков бевте како студент?

Бев малку добар и малку лош студент во исто време, секогаш се сомневав во себе. Мојата дипломска работа беше многу добра, на крај јас бев тој што одлучи што сакам да бидам и од тој момент добив многу самодоверба.

Кога не сте архитект, со што се занимавате?

Чувствувам дека сум секогаш архитект, мојот семеен живот е поврзан за архитектурата. Мојата сопруга е исто така архитект и ние постојано разговараме за архитектурата, живееме во куќа која сами ја направивме. Така што е многу тешко да се направи разлика помеѓу работата и животот. Особено ме интересира музиката, и многу други нешта коишто верувам дека се дел од архитектурата.

SCRE_000275736_send

Имате ли некој неостварен архитектонски сон или желба?

Секако, работиме мали проекти, а јас би сакал да работиме поголеми проекти како училишта или музеи, како и тоа да градиме во други земји. Учествуваме на конкурси и се трудиме. Проблемот со архитектурата е што главно мора да имате изграден пример на нешто што сте работеле за да добиете сличен проект. Така што е многу тешко да го добиете првиот проект.

Кој е Вашиот совет за младите архитекти?

Работете заедно со други архитекти и учествувајте во проекти бидејќи така ќе можете да кажете дека сте работеле на тие проекти.

Сте работеле во студиото на Масимилијан Фуксас?

Работев во неговото студио во Париз, тоа беше многу добро искуство, по завршувањето на моите студии. Пред тоа работев во помалку познато студио и тоа искуство толку не ми се допадна, бев фрустриран да ја видам реалноста. Имав пријател кој работеше во студиото Фуксас и јас дојдов таму. После три дена видов дека архитектурата може да биде многу поинакво искуство од тоа што го имав во студиото каде што претходно работев. Денес, кога мора да се борам за себе и за своето студио гледам колку е битно да се одржи квалитетот.TINTAMARE

Вие сте од Австрија, а Вашата сопруга е од Бугарија, зошто отидовте во Париз?

Ние сакавме да патуваме и да го видиме светот. Првата идеја беше да одиме во Америка и таму да работиме, но добивме стипендија за работа во Франција за шест месеци. Отидовме и сега сме веќе седумнаесет години во Франција.

Испрати коментар

Scroll To Top