Насловна / Архитектура / Архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи

Архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи

Еинар Јармунд, еден од основачите на норвешкото архитектонско биро ЈВА (JVA), во текот на октомври 2017 година престојуваше во Белград како предавач на конференцијата САЕЕ. Архитектурата ја посматра како средство кое ги поврзува човекот и природата, со јасен фокус на квалитетот на архитектонското проектирање и изведба, со јасна претстава за себе како архитект и за еволуцијата на својата професија во текот на својата кариера.

Einar Jarmund 16

Кој е Вашиот архитектонски пристап?
-Некој еднаш ја поистоветил улогата на архитектот со улогата на детектив, архитектурата мора да се создаде од нешто, од случај каде што има ситуација и заплет. Резултатот којшто ние го сакаме треба да биде шокантен и очигледен на некој начин. Да изненадува и во исто време да биде очигледен. Кога ќе погледнете би требало да кажете „да, разбирам зошто е тоа така“. Ние во бирото ЈВА веруваме дека архитектурата треба да има способност да биде повеќе нешта во исто време, шокантна и очигледна.

Steindalsfossen.1

Steindalsfossen

Дали одржливиот пристап на архитектурата доаѓа како барање на клиентите или тоа е пристап на Вашето биро?
-Се случуваат и двете ситуации, главно луѓето доаѓаат кај нас, бидејќи знаат што сме направиле, а имаат потреба да имаат одржлива архитектура. Главно, тоа не е нешто што мораме да ги убедиме да направат, тоа е секогаш дијалог, како и сè што ја прави архитектурата. Кога работите мал проект за семејна куќа, тоа е како да сликате портрет на една личност, пар или семејство. Имаме голема соработка со нашите клиенти бидејќи веруваме дека добрата архитектура не е само резултат на работата на архитектите, туку и соработка со клиентите.

Dune House-exterior (6)

Dune House

Што добивате од настаните како што е конференцијата САЕЕ (SAEE)?
-Престојот на конференциите од овој тип е секогаш корисен. Пред сè на личен план бидејќи првпат доаѓам во Белград. Исто така, се запознав со колеги архитекти од цела Европа и имав можност да разговарам со нив за архитектурата. Морам да признаам дека прашањето за одржливост е многу тешко, бидејќи овој поим многу често се злоупотребува во архитектурата, затоа што многу градби се претставуваат како одржлива архитектура, иако не се.

Rabot Tourist Cabin

Jan_Inge_Larsen-jpg ny bakgrunn

Rabot Tourist Cabin

Што работите во овој период?
-Најмногу работиме станбени објекти поради малиот број станбен простор во Норвешка, а работиме и на проекти за кои не сме сигурни дали ќе се изградат или не. 85 % од становите во Норвешка се сопственост на станарите, така што главно работиме за градежни инвеститори. Најголем број од тие станови се продаваат пред да бидат изградени. Главно, се продаваат 60 % од становите пред да се изградат, ако не се продадат во тој процент, инвеститорот ќе има проблем.

Sørenga3-exterior day02

Sørenga3-plan1

Sorenga Housing

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за архитектурата во Норвешка?
Во Норвешка има доста работа, многу се гради, особено станбени обејкти. Како и секаде во светот, има многу архитекти коишто не работат добро, а постои и одреден процент кои се многу добри. Тажно е што голем број добри архитекти не добиваат работа, главно лошата архитектура „собира“ се’, бидејќи се градат градби поевтини за инвеститорите. Тоа што може да се нарече добра архитектура не е тоа што инвеститорите го сакаат затоа што нив ги интересира профитот. За да направите добра архитектура мора да инсистирате во квалитетни проекти и квалитетна градба, а понекогаш поради тоа не можете да бидете во пријателски односи со изведувачите и инвеститорите. Во последните пет години на пазарот можеше да се понуди што било и тоа се продаваше веднаш. Во такви ситуации не се бара квалитет. Сега постојат одредени сигнали дека добрата архитектура добива повеќе простор.

sval08

sval03

sval04

sval06

Administrative building Svalbard

Колку можете да разберете за општеството посматрајќи ја архитектурата?
Тешко можете да кажете нешто за архитектурата во Белград или во Србија бидејќи ги видов само постоечките објекти. Од норвешка перспектива, морам да признаам дека сум малку засрамен со толку многу ирелевантни проекти од Норвешка кои се реализираат низ светот. Има толку многу скапи проекти за туристи, како на пример тоалети со неверојатно високи трошоци, односно тоалетите претставуваат еден вид споменици, нешто што не ни треба. Таквиот пристап го сметам за генерален проблем во светот и во Европа. Верувам дека тоа не е најдобриот сигнал за тоа какво е норвешкото општество. Во исто време кога го гледам квалитетот на станбените објекти гледам дека техничкиот квалитет е прилично висок, додека нивото на квалитетот на проектирање е доста ниско, особено во споредба со земјите како Данска или Шведска. Кога ја знаете ситуацијата и кога ги гледате пропуштените шанси можете да бидете револтирани.

Myrkdalen Mountain Condominiums

Myrkdalen mountain condemoniums, Helgatunteigen

Што мислите за стандардите за зелена градба како што се стандардите LEED, Bream или други?
Би одел далеку па можам да кажам дека многу од тие стандарди се корумпирани од страна на градежната индустрија, бидејќи ги наградуваат работите кои се добри за самата индустрија. На пример, можете да добиете многу висока оценка ако срушите корисна зграда и ја замените со нова структура које ќе трае 30-40 години и таа структура ќе има највисоки можни оценки поради најдобра изолација. Мораме да разбереме дека најодржлива структура е таа која веќе постои.

Oslo International School-Exterior 03

17 001

Oslo International School

Што претставува архитектурата за Вас?
Архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи. Верувам дека нејзин многу важен аспект е посредување меѓу природата и човекот. Прашањето на удобност е многу битна работа, и сигурно најголеми достигнувања во последните сто години се водоводот какав што го знаеме денес, топлата вода и тушот.

Каде ја гледате архитектурата во следните десет години?
Верувам дека ако на момент ја изоставиме градежната индустрија, кога ќе успееме да ги надминеме фосилните горива дека ќе се спасиме. Тоа е наш проблем, кога би имале челична индустрија која работи на соларна енергија или авиони кои летаат на биогориво, тоа би било прекрасно. Мислам дека нам ни треба многу повеќе од десет години да го достигнеме тоа ниво. Архитектурата треба да биде нешто што ви дава задоволство, удобност и визуелно задоволство. Јас секогаш ја бранам висококвалитетната скулптурална архитектура, но скулптуралната архитектура која има значење. Ако само го измислите обликот таа нема да има значење само по себе.

Gullesfjord Weight Control Station-Exterior (1)

Truck Inspection Station

Кога одлучивте да бидете архитект?
Отсекогаш сакав да правам работи како „лего“, „мекано“ или да лепам нешто. Сè тоа затоа што сакав нешта што се материјализирани, сакам практични работи. Секогаш многу се лутам кога проектите се откажани. Трошиме години на големи проекти и ако се откажат тоа е само губење време, на некој начин потрошен живот. Имаше период во нашето биро кога победивме на два конкурса во 2006 година и работевме три години на тие проекти, но тогаш поради финансиската криза беа откажани. Во периодот меѓу 2008 и 2011 година немавме ниедно градилиште, тоа беше еден вакуум, еден ужасен период.

Каков студент бевте?
За архитектура мора да потрошите многу време, јас буквално потрошив десет години и знам дека првите три години бев многу лош студент и имав многу лоши проекти, всушност не знаев што работам. Мора да потрошите 10.000 часа за да станете нешто, било да сте виолинист или фудбалер. Тоа е околу 5 години за да ја научите која било вештина. Не можете да бидете добар архитект ако седите негде, се чешате и не знаете што работите. Речиси ќе ја изгубев трета година на студии, но во текот на четврта година сфатив дека треба многу време за архитектура.

Svalbard Science Center-Exterior (4)

Svalbard Science Center

Кога не се занимавате со архитектура, што работите?
Готвам, тоа можеби на некој начин е поврзано, бидејќи архитектурата е многу бавна работа. За архитектура ви требаат години, потребни се барем две години од првиот концепт до градба. За подготовка на храна ви треба многу малку време. Одите во продавница, готвите, јадете и тоа е тоа. Тоа е награда за вас. Ако е успешно тогаш тоа е убаво чувство, а ако не е тогаш сепак е во ред, бидејќи знаете дека утре можете повторно да готвите. Постои таа временска рамка која ја одвојува архитектурата од готвењето.

Svalbard Science Center-Interior (3)

Svalbard Science Center

Имате ли некоја неостварена архитектонска желба?
Ние веруваме дека секогаш сакаме да користиме најскромни материјали и да имаме најскромни барања за да направиме прекрасна архитектура. Тоа навистина го сакаме, не ви треба проект за опера за да направите прекрасен проект, тоа можете да го направите и ако вашиот сосед ве праша за уредување на гаражата.

Имате ли совет за младите архитекти, рековте дека имало голема невработеност кога вие сте почнале со работа и што можете да им порачате на младите архитекти коишто денес се без работа?

Пред сè, не го гледајте нивото на невработеност кога почнувате да студирате, бидејќи за пет или шест години тоа може лесно да се измени. Посветете се на архитектурата, посветете си десет години на најдобар можен начин, занимавајќи се со архитектура, обидете се да ги заобиколите големите компании и големите проекти. Гледав луѓе, пред времето на компјутерите, кои со години работат на проекти за плафон во само една зграда, и не ми делуваа баш среќно. Обидете се да бидете трпеливи, ние буквално почнавме од гаражи и проектирање кујни, секоја мала задача може да води до поголема. Почнете од она што можете да го добиете и не мислете си дека е катастрофа кога немате работа. Јас немав работа и секогаш сам ја барав.

SplitHouse_Exterior_04_West

Split House

Во текот на Вашата презентација забележав дека покривите на Вашите објекти немаат традиционален облик, туку често личат на стилизирани линии на планински врвови. Дали тоа намерно го посакувавте?

Некој во бирото направи шега дека ние проектот го започнуваме во облик на снежна топка, па потоа го изменуваме за да изгледа убаво. Мислам дека е во ред да кажам дека тоа беше почетен пристап во нашето биро. Тука  во текот на конференцијата зборувавме со Ханс Мурман каква енергија имате кога почнувате, тогаш имате енергија дека можете сè да направите до најкомплексните работи, а кога ќе достигнете зрелост тежите кон квалитет кој е поинаков од „квалитетот на мрзливоста“, работите нешто што се базира на искуство, а изгледа многу едноставно. Работиме на станбени објекти и јас сум многу среќен што немаме четири типа прозорци или 130 станови, пред дваесет и пет години би измислиле стотина прозорци за да бидат поинакви. Кога созревате, слоганот „помалку е повеќе“ станува сè повеќе точен. Работиме многу проекти кои се повторуваат, но се повторуваат на паметен начин. Работиме со системи кои можат да се прилагодат, користиме едноставни елементи кои ги комбинираме на различни начини. Нешто како лего коцки, на крајот на краиштата.

Dune House-exterior (3)

Dune House-exterior (2)

4_ plan 1.50 on A3whiteonBlack

4_ plan 2_ on A3WhiteonBlacky

SplitHouse_Exterior_Roofscape 03

Dune House-interior (5)

Dune House, dec 2010 Photographer: Ivar Kvaal www.ivarkvaal.com

 

Испрати коментар

Scroll To Top