Во Лондон е објавена кратката листа за главната архитектонска награда Стерлинг. Оваа година изборот на финалистите за наградата Стерлинг е импресивен според разновидноста и светлината – за прв пат од кризата од 2008 година. Притоа, пет од шесте градби се јавни некомерцијални објекти, па дури и шестата, лондонскиот облакодер на Ренцо Пијано The Shard, е достапна за секого. Освен канцеларии и станови, таму има ресторани, хотел, болница и видиковец. Надвор од потесниот круг останаа не помалку интересни објекти, на пример две реконструкции во Лондон – галеријата „Тејт Бритн“ на бирото Caruso St John и станицата Kings Cross на Џон мек Аслан. Очигледно, жирито имаше што да избира, за разлика од минатата година кога наградата Стерлинг ја доби интересната, но многу скромна реконструкција на историски дом.
Олимписки центар за водени спортови
Сегашниот претседател на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA), инаку првиот добитник на наградата Стерлинг, Стивен Ходер истакна дека не им завидува на судиите, принудени да го изберат најдоброто од изборот на интересни, изработени до детали, кои ја збогатуваат градската средина, поетски и едноставно прекрасни зданија.
Манчестерската школа за уметности
Како што наведе издание на RIBA Journal, потесниот избор во 2014 година се дели на половина. Така, трите згради – работа на странци, веќе споменатиот Пијано, Ирците O’Donnell + Tuomey (Студентски центар на Лондонската школа за економија) и Mecanoo (Централната библиотека во Бирмингем). Три објекти се дизајнирани од страна на жените – Заха Хадид (олимписки центар за водни спортови), Франсин Хубен од Mecanoo и Шила О’Донел од O’Donnell + Tuomey. Три згради се наоѓаат надвор од Лондон – библиотеката во Бирмингем, театарот „Everyman“ во Ливерпул од бирото Haworth Tompkins и Манчестерската школа за уметности на студиото Фајлден Клег Бредли.
Библиотека во Бирмингем
Стерлинговата награда на РИБА се доделува од 1996 година. За неа можат да конкурираат градби кои веќе добиле некоја награда, национална или европска, за тековната година и проектирани од архитекти – членови на институтот. Победникот ќе биде објавен на 16 октомври годинава на церемонија во седиштето на РИБА во Лондон.
Кулата The Shard
Театарот „Everyman“ во Ливерпул