Проектот наречен Habitat 2.0 е футуристички комплекс со многу прозорци и дрвја и ќе има пет „врвови“.
Замислен е како „медитерански планински град“, а инспириран е од Habitat 67, сличен експериментален комплекс во Монтреал.
Ќе се простира на површина од 67.000 квадратни метри, и ќе има над 500 еднособни и трисобни апартмански единици, од кои повеќето ќе имаат сопствени тераси со дрвја и зеленило. Во приземјето ќе бидат сместени деловни простории.
Гледан одозгора Habitat 2.0 изгледа како шуплив правоаголник со зелен двор во централниот дел. Зградите што го сочинуваат комплексот ќе имаат 15 до 17 ката.