Лабораторијата на JAPA, фирма за архитектура, стратешко мислење и урбанизам од Барселона, Шпанија, промовираше стратешки идеи за архитектура на иднината – т.н. пловечко земјоделство, со чиј метод се предвидува отстранување на проблемот со недостаток на храна проследен од светското зголемување на населението. Предлогот е адресиран на прашањето за глобалната безбедност на храната и воведува урбана дизајн-стратегија врз основа на мрежните идеи кои произлегуваат од потребите и меѓусебните врски на градовите.
Ограниченото земјиште, брзиот раст на бројот на население, високите цени на домувањето и фактот што увозот претставува 90% од снабдувањето со храна во Сингапур, се некои од прашањата што ги наведоа архитектите кон осмислување на поинакви концепти за зголемување на обработливото земјиште, по примерот на проектот за пловечки рибници во Сингапур.
Шемата предвидува трансформација на територии во повеќе стимулирани средини способни за производство на земјоделски култури како квалитетна храна, со цел да се избегне масовен увоз од странство. Ова ќе доведе до намалување на големите километарски поседи со храна и емисијата на CO2, при што ќе се приближат структурите до големите градски метрополи. Технолошкиот слој на врвот е испрограмиран да ги следи промените и навремено да информира за растителното производство, видот и количините според градските потреби. Така системот ефикасно ќе ги минимализира отпадните количини.
Циклусот од повторливи конструкции ќе овозможи максимално искористување на сончевата енергија за растот на земјоделските култури како спанаќ, зелена салата, брокула, зелка дури и преку целата година. Со нивното обликување по вертикала, што е спротивно од хоризонталниот тренд, редовните активности долж крајбрежјето ќе останат непопречени и се всушност зајакнати со хидрофонични инструменти. Во прилог на тоа, ротирачките механизми на секое ниво овозможуваат панорами во висинска линија на облакодерите на Сингапур.