Луксузниот дом го уредил познатиот италијански архитект, дизајнер и уметник Vincenzo De Cotiis. Тој е препознатлив по стил кој е со богата текстурира, робусно скулптурен и избор на мебел кој е специфичен, комбинира иконични модернистички материјали како месинг и тоскански мермер со само неколку конвенционални детали.
Во овој дом надвор од Милано, дизајниран од De Cotiis за пар кој е ентузијастичен колекционер на уметност од 20. век, скоро сите делови од домот се украсени во модерен стил. Поради желбата на сопствениците за приватност, првенствено заради непосреднта близина на соседните куќи, De Cotiis создадал бетонска зграда, „збогатена“ со изобилство на природна светлина и надворешен простор.
„Во овој случај нема историска слоевитост во просторот, туки ентериерот првенствено е дефиниран со специфичен избор на материјали. Посебен предизвик при уредувањето беше да се создаде архитектура која „оживува“ со изгледот внатре, притоа пружајќи им на сопствениците чувство на заштита и интимност“ изјавил De Cotiis за Architectural Digest.
Прозорите во дневната соба го поврзуваат просторот со пространата тераса богата со зеленило каде има и базен. Каучот на развлекување, мермерната маса за коктели и полиците од челик и стакло се вклопуваат во ентериерот создавајќи гламурозно чувство. Стилот на уредување дизајнерот го нарекува „систем на испреплетени волумени“.
Вниманието во дневната зона го привлекуваат користени детали, килим со интересен дизајн, неколку иконични столици произведени 1951. година и старинска софа.
Во едниот дел на дневната соба сместени се интересни светилки, полиците во собата се изработени од челик, месинг и рециклирано дрво. Другиот дел на собата се отвара кон библиотека, а тука се и беспрекорната кујна и трпезарија, простории каде се укомпонирани различни материјали, бои и дизајни.
На катот се сместени просториите за спиење и вежбање, а катовите ги поврзуваат бетонски скали кои помалку потсетуваат на индустриски дизајн. Скалиштето е исто така украсено со декоративни детали и уметнички слики.
На катот од едната страна е главната спална соба и просторија за вежбање, а на спротивната страна е бањата со vintage огледало над дуплиот мијалник.