Масивот на шпанската планинa Сиера Морена стана составен и акцентиран дел од модерен семеен дом.
Имено, тимот на шпанското архитектонско студио UMMOestudio го прифати овој предизвик и финалниот производ воодушевува со својот изглед.
Проектот е станбена резиденција која помалку, повеќе е вградена во своевидна карпа, која е дел од планина во Шпанија, Сиера Морена.
Модерните елементи на градбата се одлично вклопени во веќе постојната конструкција, која во целина функционира совршено. Каменот, мермерот, белината и природните натурални тонови се главната сценографија што може да се види во ентериерот, кој функционира како open space. Па да речеме, додека седите во дневната соба, зад вас се крие огромен камен масив од карпи, што е главен акцент на ова тотално кул здание.