Архитектот Мартин Пановски е избран за нов Претседател на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија. Тој доаѓа на местото на архитект Сања Раѓеновиќ Јовановиќ.
Изборот се одржа во конференциската сала на ЈП државни патишта за време на редовно годишно изборно Собрание на ААМ.
Исто така, е избрано ново раководство на ААМ. Членови на УО на ААМ се Ана Радоњиќ, Виолета Бакалчев, Слободан Велевски, Бесиан Мекмети, Марта Илиевска и Иван Арсовски.
На годишното собрание меѓу останатите теми, бил разгледуван и Извештајот за работата на УО на ААМ во мандатниот период и финансискиот извештај.