Насловна / Архитектура / Архитектонското студио ГМП победи на конкурсот за нова работилница за гипс на Државниот музеј во Берлин

Архитектонското студио ГМП победи на конкурсот за нова работилница за гипс на Државниот музеј во Берлин

Германското архитектонско студио ГМП Архитекти на архитектите фон Геркан и Марг, победи на отворениот конкурс кој беше распишан во две фази, за санација и проширување на работилницата за обликување гипс на Државниот музеј во Берлин / Staatliche Museen zu Berlin.

11

Конкурсните предлози ќе бидат претставени на јавноста од 31 јануари 2023 година на Културфорум во Берлин. Одлуката објавена пред неколку дена беше донесена на состанокот на жирито, со кој претседаваше професорот Френк Каспруш, на 30 ноември 2022 година.

Просториите на работилницата за лиење гипс на Берлинскот музеј се најголеми од ваков вид во светот. Повеќе од 200 години, неговите капацитети произведуваат висококвалитетни копии на уметнички дела од музејските збирки во Берлин и Европа. Ова значи дека има голема колекција на извонредни модели и историски копии на уметнички мајстори и културни предмети од сите епохи и географски региони.

9 8 10 7

Проектот на  ГМП Архитекти се однесува на реконструкција и проширување на постојниот објект, на кој му е потребен повеќе простор и е во лоша состојба. Со идниот зафат сегашната површина од околу 5.000 метри квадратни, ќе се прошири за вкупно околу 13.000 метри квадратни. Посебните барања предвидени во правилата на конкурсната комисија вклучуваа одржливост и енергетска ефикасност во користењето на ресурсите. За таа цел, нужно беше да се развие стратегија за технологија која дава приоритет на трајните решенија со ефикасно одржување пред повеќе високотехнолошки технологии.

Предлогот за проширување од постојниот габарит се поврзува со постоечкиот објект северно од локацијата. Во однос на урбанистичкиот проект, овој зафат овозможува ефективна комуникација помеѓу новото и старото урбано јадро. Архитектите со новиот објект во L форма со слична топологија како сегашниот општ волумен ја затвораат локацијата на запад обликовно затворајќи го периметрално урбаниот блок. Со ова, соседните станбени згради сочинуваат дел од новосоздадениот внатрешен двор, а се постигнува ефективна акустична заштита што ја спречува бучавата од автопатот и железницата во близина.

Во согласност со предложената стратегија за ниска технологија, организацијата на функциите во зградата идеално ги користи различните климатски и акустични зони.

12

Новата зграда се состои од комбинација на монолитни бетонски ѕидови со подна/таванска конструкција што е модерна и економична интерпретација на засводените тавани на постојната зграда. Природната вентилација е обезбедена без механичко затегнување, со користење на разменувачи на топлина и соларни оџаци на покривот, оптимално намалувајќи ги потребите за енергија. Механички уреди за природна вентилација на воздух се потребни само во одредени простори со специфични барања. Фасадата ќе биде изградена од бетонски панели: обликовно како материјал се користи за создавање на нова скулптуралност.

3 4 2-copy-2

6

Испрати коментар

Scroll To Top