Насловна / Архитектура / Архитектонското и културно значење на синагогите во источна и средна Европа

Архитектонското и културно значење на синагогите во источна и средна Европа

Во просториите на Архитектонски факултет, УКИМ, отворена е изложба „Синагогите во источна и средна Европа во периодот 1782 – 1944 година“, во организација на самиот факултет и Унгарската амбасада во Р. Македонија.

На изложбата се претставени паноа со документарни фотографии на синагоги, кои се дел од еврејското национално богатство.KPO_4511

Во амфитеатарот на Архитектонски факултетот се одржа и предавање на професорот д-р Рудолф Клаин на тема „Архитектурата на синагогите од Хабзбуршката империја – типологија и културно значење“.KPO_4516

Настанот го отвори деканот на Архитектонскиот факултет во Скопје, професорот Минас Бакалчев, кој присутните со неколку збора ги запозна со професионалната биографија на д-р Рудолф Клаин, професор по историја на модерна архитектура на универзитетот Szent István, Miklós Ybl Факултет за архитектура и градежништво во Будимпешта, кој е воедно и автор на изложбата.KPO_4523

Амбасадорот на Р. Унгарија во Р. Македонија д-р Јожеф Бенце, истакна дека целта на оваа патувачка изложба, како и на предавањето на професорот Клаин, е сегашните и идните генерации да разберат што точно се случило за време на Холокаустот во минатиот век и едукација на младите во однос на овој настан, и да се спречи тој никогаш повеќе да не се повтори.

KPO_4527

Професорот д-р Рудолф Клаин во своето предавање кажа дека на еден начин, со оваа изложба се патува низ времето и покрај културата може да се видат и некои други значајни работи од минатото.KIR_4887

Изложбата, според професорот, е патувачка и едукативна изложба, која досега била претставена во повеќе земји во источна и средна Европа како што се Унгарија, Полска, Словачка, Австрија, Словенија, Србија…KIR_4906

Во своето предавање насловено „Архитектурата на синагогите од Хабзбуршката империја – типологија и културно значење“, професорот Клаин истакна дека синагогата како историски, цивилизациски и архитектонски објект нема само верско значење и не претставува само место за молитва за Евреите, туку е и простор за средба, комуникација, учење и размена на знаења и искуства…

Професорот зборуваше за историскиот и архитектонскиот развој на синагогата кај Евреите, особено во еврејската култура во Европа.KIR_4917

Како човек роден во Суботица и со три докторати – од теоријата на архитектурата, историјата на уметноста и архитектурата на синагога, Клаин своето предавање го конципираше на повеќе нивоа и зборуваше за историскиот контекст, еврејските миграции, демографскиот елемент, за архитектурата, уметноста и за неизбежниот еврејски хумор.KPO_4530 KPO_4545 KPO_4550KIR_4900KPO_4547

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top