Насловна / Архитектура / Архитектонско ремек-дело: Операта во Дубаи

Архитектонско ремек-дело: Операта во Дубаи

dubai-opera2016

По три години изградба и потрошени 330 милиони долари, Дубаи може да се пофали со нов грандиозен објект – Операта на Дубаи. Оваа спектакуларна градба е една од најзначајните покрај Бурџ ел Араб и другите импресивни зданија во оваа пустинска престолнина која во последните години е вистински магнет за туристите од целиот свет.

dubai-opera

Објектот има капацитет од 2.000 луѓе, а освен за настани од областа на класичната музика предвидено е да биде домаќин и на спортски случувања, па дури и венчавки.  Огромниот лустер кој е централно поставен во холот содржи 2.900 лед светилки, 3.000 посебно исработени стаклени украси и тежи 5 тона.

dubai-opera-house

На свеченото отворање кое се случи неодамна, настапи светски познатиот тенор Пласидо Доминго. Менаџментот на операта најави дека веќе во првата сезона има договори со околу 200 светски имиња, но засега не открива кој се’ е на оваа листа.

dubai-opera-pokriv

На покривот од објектот сместена е прекрасна градина.

plasido-domingo-na-otvoranje-na-dubai-opera Blank2

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top