Архитектот Хавиер Сеносијан во 1984 година го има изградено ова архитектонско органско чудо кое се простира на површина од 178 квадратни метри.
Оригиналната идеја на проектот е инспирана од лушпа од кикирики. Овој предлог произлегол врз основа на барањата на елементарните функции на човекот: простор за заеднички живот, со соба, трпезарија, кујна, соблекувална и бања. Оригиналниот концепт е дефиниран во два големи простори, кои нудат чувство личноста да биде свесна за уникатноста на овој простор без губење на чувството за интеграција со надворешните зелени површини.
За изградбата се користени калап материјали. Фероцементот бил вистинскиот одговор. Склопувањето на фероцементот е почнато на шаблонот кој личел на патека за скејтборд, формирајќи ја лушпата со метален скелет, во кој шипките се распоредени во форма на прстени, менувајќи ја висината според просторот.
Покривот е обложен со слој од 3/4 инчи прскан полиуретан, кој служи како изолатор и хидроизолација. Однадвор се гледа само трева, грмушки, дрвја и цвеќиња, а одењето по градината е одење по кровот на куќата.
Во овој тип на градба, прозорците можат да бидат насочени кон која било страна, а куполите овозможуваат влез на светлина и сонце одозгора. Вентилацијата е олеснета благодарение на аеродинамичните облици на живеалиштето кои овозможуваат слободна циркулација на воздухот.
АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА