Насловна / Арт и дизајн / Архитектонските објекти инспирација за дизајн на предмети

Архитектонските објекти инспирација за дизајн на предмети

Често може да забележиме дека голем број архитектонски објекти потсетуваат на дел од секојдневните предмети. Инспирирани од ваквиот факт, дизајнери од целиот свет се обидуваат да креираат предмети за домашна употреба инспирирани токму од најпознатите објекти во светот.

Холандскиот дизајнер Gert-Jan Soepenberg создаде ваза која потсетува на делото од познатиот архитект Оскар Нимаер, Palácio de Alvorada од 1958 година. Бетонската конструкција на овој објект е предизвик за дизајнерот истиот дизајн да го претвори во ваза.

дизајн-1

На последното издание на дизајн неделата во Мајами, дизајнерот Naihan Li со потекло од Пекинг, го креираше своето дело „I Am a Monument furniture series“. Станува збор за дрвено складиште изработено во размер 1:100 инспирирано од објектот CCTV Tower на архитектонското студио OMA. Дрвениот елемент има голем број фиоки и полици.

дизајн-2

Поранешниот архитект Tereza Hradilkova креираше покана инспириана од добро познатиот објект на архитектонското студио BIG, Vancouver Beach and Howe St. Тower.

дизајн-3

Овој дизајн, иако на прв поглед наликува на шега, всушност е парче хартија кое може да се купи во музејот МОМА во Њујорк, а делото треба да ги претставува архитектонските фрустрации.

дизајн-4

Еден од најзначајните дизајни од ваков тип е дизајнот на шах со елементи од најпознатите урбани објекти во Лондон, како што се Big Ben, Gherkin, потоа Shard итн.

дизајн-5

Освен шаховски елементи, како инспирација од големите градови како што се Лондон, Париз и Њујорк, креирани се гуми за бришење.

дизајн-6

Материјалите што Луис Кан ги употребува за музејот Kimbell Art Museum, како што се мермер, травертин и стакло се инспирација за Julian Bedel да создаде шише за парфем.

дизајн-7

Љубителите на кафе и архитектура можат да уживаат во дизајнот на шолји инспирирани од музејот Гугенхајм на Френк Лојт Рајт.

дизајн-8

Можностите за креирање елементи инспирирани од архитектурата во кулинарството се бескрајни, а доказ за тоа се направите за печење со форма на вашиот омилен објект: оперската куќа во Сиднеј, Ајфеловата кула или пак кривата кула во Пиза.

дизајн-9

Испрати коментар

Scroll To Top