Насловна / Архитектура / Архитектонскиот факултет од Скопје партнер на Општина Битола во решавање на клучни прашања од архитектурата и урбанизмот

Архитектонскиот факултет од Скопје партнер на Општина Битола во решавање на клучни прашања од архитектурата и урбанизмот

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и проф. д-р Огнен Марина декан на Архитектонски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вчера потпишаа Меморандум за соработка со кој, општината и факултетот ќе воспостават партнерство за клучни прашања во областа на архитектурата, урбанизмот, одржливиот развој и културното наследство.

а1

Заедничката соработка подразбира взаемна помош, поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проекти и сите планови и активности и иницијативи што ќе го поттикнуваат локалниот и регионалниот развој.

а2

После потпишувањето на меморандумот, градоначалникот Коњановски, заедно со претставници од работната група од општина Битола, која е задолжена за изготвување на новиот ГУП на општината, присуствуваа на предавањето на реномираниот м-р Џовани М. Ботини, претседател на управниот одбор и директор на „Систематика“, компанија од Милано, Италија,  која има децениски искуство во изработка на современи сообраќајни модели и решенија, студии, анализи и транспортни планови кои се движат од национални транспортни системи во повеќе држави во светот, низ сообраќајни планови за одржлива урбана мобилност до сообраќајни решениjа во соработка со реномирани светски архитекти.

Испрати коментар

Scroll To Top