Во Осло, на просторот на некогашен паркинг кој се трансформира во пешачка зона, никнала нова зграда за мешовита намена која се издвојува со својата единствена способност да ја елиминира потребата од класични HVAC системи. Проектиран од страна на Snøhetta, овој објект поставил амбицизни цели да не користи електрична енергија за греење, ладење и вентилација, а резултатите зборуваат дека овие цели се остварливи.
Зградата е стратешки позиционирана со цел да го штити блискиот јавен плоштад од ветер, додека истовремено дозволува продор на сончева светлина. Со користење на природна вентилација и специфичен дизајн кој вклучува сензори за температурата, CO2 и кислородот во внатрешноста, како и временските услови правци на ветерот во надворешната средина, така што зградата ефикасно ги користи природните ресурси. Отворите за вентилација автоматски се отвораат на спротивни страни и се создава притисок кој влече свеж воздух преку просториите. Геотермалната енергија служи како примарен извор за регулирање на температурата во внатрешноста на зградата. Топлинските пумпи и бунари ја користат константната температура од длабочината на земјата за греење и ладење. Една од клучните предности на ваквиот концепт е во тоа што избегнува користење на традиционални HVAC системи, а отсуството на канали за вентилација на плафоните го прави канцеларискиот простор визуелно простран и светол.