Насловна / Архитектура / Архитектонски факултет утре започнува со пролетното издание на Деканската серија на предавања

Архитектонски факултет утре започнува со пролетното издание на Деканската серија на предавања

Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ започнува со пролетното издание на Деканската серија на предавања на 19-ти април, 2022 година.

Серијата на предавања ќе започне со предавањето на проф. д-р Албена Јанева, директор на Manchester Architecture Research Group (MARG), Manchester Urban Institute, насловено Meaningful Disruptions: Mapping Controversies and Innovations in Architecture at The Time of Political and Pandemic Upheavals кое ќе се одржи во вторник, 19. април, 2022 година, со почеток во 12.00 часот во Амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

af1

Второто предавањето во серијата е на Матевж Челик, архитект, истражувач и поранешен директор на МАО, Музејот за архитектура и дизајн во Љубљана кое ќе се одржи во среда, 4-ти Мај, 2022 година.

Третото предавање е на проф. д-р Лис Вернер од ТУ Берлин кое ќе се одржи во четврток,12-ти мај, 2022 година.

af

Четвртото предавање е на Петер Сагасер, архитект и истражувач од Берн кое ќе се одржи во четврток, 19-ти мај, 2022 година.

Сите предавања ќе се одржат со физичко присуство во Амфитеатарот на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top