Со се повеќе дигитални алатки кои се достапни за архитектите од кога било досега, човек мора да се запраша зошто скицата и понатаму останува еден од највредните делови во областа на архитектурата. Рендерите, тродимензионалните модели и виртуелната реалност се моќни и ефикасни иновации кои им овозможуваат на архитектите да ги изразат своите идеи и проекти. Меѓутоа, во нашиот брз начин на живот каде пораките се испраќаат низ целиот свет за неколку секунди, се чини дека ништо не се споредува со рачно нацртаната, несовршена скица.
Архитектонските цртежи и скици заземаат едно од најважните места во процесот на раѓање на архитектурата. За овој „зачеток“ е потребно многу малку – само празно парче хартија, наједноставниот молив и смисла на авторот, додека скиците кажуваат многу за авторот и неговото дело. Во нив не се препознава само цртачката вештина и филозофската зрелост, туку и манирот на една ера, особините на личноста, расположението, па дури и полот и возраста на авторот.
Како еден вид доказ за размислување за архитектурата, оваа трансформација на линии, површини, форми и маси на еден цртежот може да се вреднува како историски доказ (извор) за настанувањето на идејата. Тој може или не може да ја доживее својата материјализација во просторот, но неговата улога и важност може да се споредат со едно архитектонско дело.