Насловна / Архитектура / Архитектонска магија на Zaha Hadid Architects во Кина

Архитектонска магија на Zaha Hadid Architects во Кина

Во светот на архитектурата, каде постојано се тежи кон иновации и оригинални креации, Zaha Hadid Architects (ZHA) ги претстави плановите за новиот културен дистрикт во Кина, кој ветува дека ќе биде вистинско архитектонско чудо. Оваа реномирана компанија победи на меѓународниот конкурс за овој центар. Проектот е сместен на јужниот врв на островот Хаинан, во најјужната провинција на Кина, на брегот на заливот Sanya, и се простира на импресивни 409.000 квадратни метри. Централна точка на овој амбициозен проект ќе биде големиот културен центар, окарактеризиран со серија слоевити покриви кои благо се закривуваат, референцирајќи ја локалната топографија. Иако сеуште нема птврда дали овој проект ќе биде реализиран, сепак доколку тоа се случи, Sanya Cultural District несомнено ќе биде место каде културата и архитектурата ќе се спојат на спектакуларен начин.

zha1

зха2

Културниот центар, кој ќе биде фокусот на целокупниот дистрикт, ќе биде домаќин на различни содржини, вклучувајќи театарски и изложбени простори во едната зграда, додека другата зграда ќе биде домаќин на конференцискиот центар. Двата објекти ќе се одликуваат со пространи влезови и изобииство на природна светлина, благодарение на експанзивното застаклување, додека внатрешноста ќе биде обложена со атрактивни дрвени елементи. Од ZHA истакнуваат дека централната оска ги поврзува новиот заливски кварт со стариот дел на градот и ги раздвојува културниот и комерцијалниот дел на дистриктот. Заеднички ќе им биде главниот плоштад со поглен кон пристаништето. Авторите се воделе од принципите на одржлива градба, па комплексот ќе има систем за собирање на дождовница, како и интегрирани фотоволтаици. Максимално ќе се користи природната светлина, а системот за ладење ќе користи морска вода. Предвиден е и паметен систем за засенчување. Во изградбата ќе се користат рециклирани материјали и дрво од сертифицирани одржливи шуми, кое е отпорно на временските услови. Во овој залив ќе се најдат и два луксузни хотели во спектакуларната зграда Sanya Horizons.

зха3

зха4

 

Испрати коментар

Scroll To Top