Утре семестрална архитектонска изложба на студентски проекти на Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје.
Темата на изложбата и проектите гласи: „Од идеа до простор”, а самата изложба се состои од 20-тина проекти работени во текот на зимскиот семестар од тековната академската 2024/2025 година. На изложбата ќе бидат изложени проекти од студентите од прв и втор циклус студии, од областа на архитектонското проектирање, урбанизмот, ентериер и дизајн и графичко и визуелно изразување.
Отвараање: 28.02.2025 г. (петок), во 19.00 во галерија Метаноја (ул. Максим Горки 19, Општина Центар, Скопје), изложбата ќе трае до 07.03.2025.