Спроти хотелот „Континентал“ ќе никне нова „барокна“ зграда од проектот „Скопје 2014“. Се работи за новата зграда на администрацијата на Општина Гази Баба, со максимална предвидена висина од приземје и 15 ката. Проектот ќе се реализира врз основа на идејното решение на бирото „Архитектоника“ од Скопје на авторот Жарко Чаушевски. Општина Гази Баба на 6 декември годинава го склучила договорот за изработка на основниот проект за изведба на административниот објект. Според податоците од Бирото за јавни набавки, договорот е склучен во времетраење од 12 месеци и е со вредност од 2.193.915 денари.