Насловна / Архитектура / Архитектите од „РАДО Инженеринг“ добитници на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2016

Архитектите од „РАДО Инженеринг“ добитници на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2016

Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување, од проектантското биро „РАДО Инженеринг“ и архитектите Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ и Ѓоко Радовановиќ, е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2016 година.

Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија по 26 пат, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.kpo_6188

На конкурсот за оваа година пристигнале четири проекти, а со жирито составено од пет членови претседаваше архитектот Ранчо Христов.

Според Христов, останатите три проекти отпаднале зашто еден од нив стигнал после рокот на доставување, другиот бил работен надвор од Македонија, а третиот не бил целосно завршен.kpo_6203

Заблагодарувајќи се за наградата, архитектот Пако Радовановиќ на колегите архитекти им посака можност и слично искуство какво што тие од нивното биро го имале со инвеститорот на наградениот објект. „На секој архитект му посакувам да има ваков инвеститор, кој знаел што сака и кој можел да си го дозволи тоа“, истакна Радовановиќ.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, архитектот Мартин Пановски, истакна пред собраните дека за успешно да се реализира едно архитектонско дело не е потребно само да имате добар квалитетен проект, односно дека реализцијата или градбата на еден објектот зависи и од останатите инженери вклучени во градбата, од инвеститорите и пред се од почитувањето на процесот и системот на нашата професија.kpo_6131

„Тенденцијата од изминативе години за се помалку пријавени трудови за Големата годишна награда продолжи и оваа година, што покажува недостиг на успешно реализирани-изградени објекти на тлото на република Македонија. Ова за жал покажува дека архитектите и архитектонската професија не се почитувани од страна на општеството, а тоа резултира со импровизации и општа лоша слика на изградениот простор во Македонија“, истакна Пановски.kpo_6213

„Оваа награда претставува своевиден преглед на архитектонските остварувања во тековната година и валоризација на најуспешните достигнувања. Вредноста на ова признание е дотолку поголема што доаѓа токму од колегите-архитекти кои најдобро умеат да ја проценат важноста на едно архитектонско дело, рече претседателот д-р Ѓорге Иванов на доделувањето на наградата, што се одржа во Музејот на Град Скопје.kpo_6226

Пред секој архитект, нагласи тој, стои предизвикот да направи успешно и вонвременско дело кое ќе му обезбеди слава и бесмртност. Иванов на архитектите им порача дека пред себе имаат одговорност не само кон современиците, туку и кон идните генерации.kpo_6157 kpo_6136 kpo_6159 kpo_6232

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top