Насловна / Вести / Архитект, рокер и визионер: Запознајте го Матуш Вало, градоначалникот на Братислава

Архитект, рокер и визионер: Запознајте го Матуш Вало, градоначалникот на Братислава

На пример од Словачка, откриваме како изгледа кога експерт за изградба на јавни простори ќе го преземе кормилото на европска престолнина.

Во манир на дете кое обновува конструкција од лего коцки што му здосадила, Матуш Вало размислува за модел на уличниот пејзаж на Братислава во аголот на својата канцеларија. Внимателно поставува правоаголна плоча со големина на неговата дланка на дел од автопатот што минува низ словачкиот главен град од 1970-тите.

бр5

И токму така, парк со должина од над 200 метри „закачен“ над патот се појавува за да ја лекува сообраќајната лузна во срцето на градот, што според стандардите на струката е трансформација која изгледа фантастично, сон на секој урбанист.

Но, за тоа да стане реалност, потребни се комбинирани таленти на архитект, граѓански активист и популарен градоначалник. По некој случај, Вало е сето тоа во едно, давајќи со својот пример одговор на прашањето: што се случува кога експерт за изградба на јавни простори ќе го преземе кормилото на европска престолнина?

bb

Урбан активист и поранешен рокер

Водењето град бара различни политички таленти, од бакнување бебиња до пазарење со централната влада за повеќе финансии, а Вало е токму оној тип на човек кој носи различни вештини во оваа работата.

Во 2018 година, како архитект со успешна пракса, овој самонаречен „урбан активист“ се искачи на својата сегашна функција на бранот на политичко незадоволство, додека претходно бил попознат како басист на популарна рок група.

Неговото обраќање до граѓаните на Братислава се фокусирало на потребата да се подобри изгледот и чувството на местото.

бр3

„Ако проектирате подобри јавни простори, го менувате односот на жителите кон градот, но и едни кон други“, објаснува Вало, а пренесува The Economist.

Метрополата во која децата почнуваат да одат пеш во училиште или локалното население се среќава во нови кафулиња на отворено е онаа чие ткиво се менува на неописливи начини.

Просечниот политичар верува дека жителите ја обликуваат изградената средина за да одговара на нивниот животен стил. Меѓутоа, за изградената средина да ги обликува своите жители – потребен е мозок на архитект.

Со својата модерна брада, патики врзани со флуоресцентни врвки и велосипед на склопување Brompton, овој 45-годишникот зрачи со метрополитски хипстерски идеализам.

А на градот тоа му е потребно, бидејќи иако е благословен со неверојатно убав Стар град во центарот, Братислава претрпела децении со архитектонски експерименти.

бр4

По 1989 година, градителите на недвижнини дале се од себе капитализмот да изгледа уште полошо – неинспиративни канцелариски кули се издигнати покрај униформни трговски центри.

Рамнодушното раководство во кабинетот на градоначалникот, кое градското собрание го користи како уште еден чекор во кариерата, не се трудело претерано да ја смени ваквата состојба.

Редизајн на „градот без душа“

br

Со текот на времето, на Братислава и недостигале не само велосипедски патеки и пријатни отворени простори како оние во другите европски престолнини, туку и, едноставно кажано, душа.

Конечно, од 2018 година се трнало со измени на претходните урбанистички одлуки, една по една, а некои од проектите што Вало ги иницирал навистина се вреди да се споменат.

DCIM100MEDIADJI_0667.JPG

На градскиот плоштад Слобода (Námestie Slobody) долго време доминирала застрашувачка монументална фонтана, избрана како подобро решение за завземање на простор за кој комунистичките власти стравувале дека еден ден може да биде исполнет со демонстранти.

Паметниот редизајн инаугуриран ова лето ја претворил фонтаната во привлечно водено игралиште каде што децата можат да се прскаат наоколу.

br1

Исто така, одлучено да се предаде дел од градскиот насип на велосипедистите, додека наплата на паркирање стана норма, што можеби им пречи на корисниците на автомобили, но им дава повеќе јавен простор на инвалидските колички, како и на количките за бебиња.

Како шлаг на тортата, крстоносна војна на Вало против „визуелниот смог“ доведе до отстранување на стотици билборди во градот.

br7

Покрај тоа, се реновираат улиците, сивиот асфалт се заменува со светло поплочување со шари, а поставено е и ново улично осветлување и стотина модерни клупи во парковите.

Живеел во Рим, Лондон и Њујорк

Кога сè ќе се согледа, може да се каже дека Вало направил две паметни работи, од кои првата била да се подготви за работата што ја работи денес.

Две години пред да ја преземе функцијата, тој водел „колектив“ од околу 70 свои креативни истомисленици со цел да го осмислат „Планот Братислава“, еден вид нацрт за решавање на проблемите на градот, кој сега се применува.

br8

Втората била едноставно да се спроведе она што добро управуваните светски градови веќе го направиле, како насипот за велосипеди во Париз, елегантните клупи првпат видени во Прага итн.

„Не морате да експериментирате ако другите градови направиле грешки за вас“, вели Вало за Economist.

Тоа што своевремено живеел во Рим (како син на дипломат), Лондон (каде што бил вработен) и Њујорк (стипендија Фулбрајт на Колумбија) несомнено помогнало.

Меѓутоа, Вало е прилично фрустриран од темпото на промени. Потребно е долго време да се изградат велосипедски патеки, додека паркот над автопатот со кој си игра во неговата канцеларија сè уште е само идеја – иако Вало инсистира дека тоа ќе се оствари.

br6

Во исто време, Ковид ја забави реализацијата на многу планови, но не е важно – Матуш Вало повторно е избран на функцијата минатата година со над 60 отсто од гласовите.

Сепак, како што заклучува The Economist, ќе бидат потребни децении немилосрден „валоизам“ за Братислава да се претвори во Виена, нејзиниот сосед на само 55 километри.

За среќа, иако има уште многу да се направи, има и многу ентузијазам во кабинетот на актуелниот градоначалник еден ден да се оствари оваа голема цел.

Испрати коментар

Scroll To Top