Младата архитектка Драгана Којичиќ од Србија, ги изучувала природните материјали за градба низ светот, и формирала градителски центар за изградба на куќи од земја во Мошорин, село во близина на Тител во војводина.„Овие куќи с ездрави и природни. Во најголем број случаи тие се поекономични з аградба, особено ако се гради во сопствена режија. Куќите од земја се еколошки, не ја загадуваат околината, и овозможуваат многу пријатен амбиент за живот. “ Ова се само некои од бројните аргументи кои Којичиќ ги користи при афирмирањето на овој концепт.
Превзема бројни активности низ теоретски предавања и објави на социјалните мрежи, но и преку практични работилници, тренизнзи и летни школи, во соработка со угледни институции: Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, Архитектонскиот факултет во Белград, Друштвото на архитекти Нови Сад, но и со и Техничкото училиште „Милева Мариќ – Ајнштајн“, чии ученици учествуваат и во практичната работа на терен.
Вниманието на јавноста го привлекува во 2011 година кога ја организира Мошоринската работна акција – МОРА, односно првата летна школа з аземјана архитектура, каде организира и вистинско градилиште. Секоја година со учесниците на школата обработува посебна практична тема.
Куќите од земја имаат долга традиција на овие простори. Овие куќи имаат висок акустичен комфор, отпорни с ена пожари. Освен тоа, земјата е термички регулатор, односно има способност да го апсорбира вишокот на влага од воздухот, па велиме дека овие куќи „дишат“. Иако луѓето сметаат дека земјата е добар изолатор, тоа е голема заблуда, бидејќи најдобар изолатор е воздухот под услов да не се движи. Затоа, е поволно да се комбинира земјата со трска и слама. Затоа и постои старата изрека дека куќите од земја „во лето ладат, во зима топлат.„ – појаснува заговорникот за природна градба.