Архитектот Миодраг Радоњиќ – Бато е добитник на наградата за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2018 година „Андреја Дамјанов“ .
Свеченото доделување на наградата ќе се одржи на 25.12.2018 (вторник) во Македонската Академија на науките и уметностите – МАНУ во 20:00 часот.
Одлуката за наградата ја донесе петчлената комисија чиј претседател беше минатогодишната добитничка, архитект Билјана Филиповска.