Како да изградите универзални, наградувани, креативни, иновативни, одржливи, прифатливи и убави простори кои генерираат чувство за место и благосостојба.
Без разлика дали се работи за научно-фантастични мегаструктури на Блискиот Исток или за историски градови на запад, новите проекти секогаш се продаваат преку исти зборови:
„светска класа“, „наградуван“, „креативен“, „иновативен“, „одржлив“, „убав“ или негување „чувство за место и благосостојба“. Кое е значењето на таквите термини? Кога зградата ја заслужува ознаката „светска класа“? Зошто еден град е „повеќе за живеење“ од друг? Кое е значењето на „иновацијата“ во архитектурата? И која зграда може веродостојно да тврди дека ја подобрува нечија „благосостојба“? Се само дел од прашањата кои во својата книга архитектот Рајние де Граф, се обиде да ги одговори.
ОМА на големо ја најави промоцијата на книгата „Архитект, глагол“ на Рание де Граф, книга која ја следи историјата на термините кои доминираат во дискурсот на архитектурата денес.
Ако дебитантската книга на Де Граф, Четири ѕида и покрив, се обиде да ги дискредитира митовите во професијата архитектура, „Архитект, глагол“ се поставува како нова цел да ги дискредитира митовите проектирани на архитектурата од надворешниот свет, побивање на доктрините се применува на архитектурата во последните дваесет години. Додавањето на излишни термини како што се „иновација“ или „благосостојба“ во архитектонскиот вербален речник е дел од тековниот тренд во кој јазикот за дискусија за архитектурата е сè помалку јазикот на архитектите и се повеќе на надворешните сили кои наметнуваат надворешни очекувања.
Професијата која некогаш беше позната по своите манифести, архитектурата сега се повеќе е принудена на сѐ поекстремни ставови на доблест, потчинети на светот на финансиите, општествените науки или медицинскиот сектор.
Книгата вклучува сатиричен речник со корпоративен јазик на консултанти, промотори и планери, од „активно слушање“ до „подготовка за зумирање“. „Архитект, глагол“ е публикација на Версо и беше претставена во Лондон во Музејот за дизајн на 1 март.
Рајние де Граф е холандски архитект и писател. Тој се приклучи на OMA во 1996 година и го коосноваше нејзиниот тинк-тенк АМО. Автор е на Четири ѕидови и покрив: сложената природа на едноставната професија, филмот Болница на иднината (Hospital del Futuro), романот (Мастер план и Архитект (The Masterplan и Architect) и Глагол: Новиот јазик на градењето.