Насловна / Архитектура / ArhiBau во загребската Арена од 7. до 9. октомври

ArhiBau во загребската Арена од 7. до 9. октомври

ArhiBau, регионален саем и конференција за културата на градење и одржлив развој, има нов термин – ќе се одржи во загрепската Арена од 7. до 9. октомври 2021. година.

Главната тема на конференцијата се базира на новата иницијатива на Европската Комисија, Новиот европски Баухаус, чија амбициозна цел е спроведување на Европскиот зелен план.

са1_resize

Бројни изложувачи го потврдија своето учество

Ова е единствен настан во организација на Друштвото на архитекти на Загреб, а своето учество досега го потврдија бројни претставници од градежниот сектор како Бетон Лучко, Самоборка, Sika, Velux, Rockwool, Lokve, ISO SPAN, Fermacell, Ytong, AluKönigStahl, Internorm, Reynaers Хрватска, Заедница на добавувачи на ПВЦ системи за градежна столарија HGK, Genesis group, 3D Art, Hutterer & Lechner, Profine group и многу други.

саем_resize

Богата конференциска програма

Богатата тридневна конференциска програма се состои од преноси во живо од Европскиот парламент и Европската комисија, голем број интересни странски и домашни предавања, панел дискусии, видео проекции, како и изложбени галерии.

Исто така, конференцијата обезбедува B2B состаноци за сите оние кои сакаат да склучат целни деловни договори. Меѓу клучните теми се иницијативата на Европската комисија наречена Нов европски Баухаус, Зелен европски План, Национален план на опоравок и отпорност, нови можности за финансирање проекти за одржлив развој од фондовите на ЕУ и националните извори, информации за иновативни производи и услуги за зелената економија.

са2_resize

Конференциската програма содржи тематски професионални конференции, Urbanizam.zg 2021 за развој на пост-кризно и дигитално просторно планирање на новата генерација, Денови на архитектурата во Загреб 2021 со примери на современа загрепска архитектура, Архитектура и наследство 2021 година со акцент на реставрација на заштитено културно наследство, како и неизбежната тема ARTUR, архитектура и туризам 2021 година за стратегии, цели и реализации насочени кон одржлив туризам во Република Хрватска.

Цени на билетите

Дневни (3,33 еур) и тридневните билети (8 еур) за саемот ќе бидат достапни за купување на билетарата во Арена во деновите на одржување. Во цената на котизацијата на конференцијата (60 еур) вклучени се три целодневни програми за предавања, влезница за саемот и две вечерни дружења по конференцискиот дел (7. и 8. октомври).

Правила за пандемијата

За да учествувате на саемот и конференцијата, неопходно е сертификат за вакцинација „Ковид-19“, негативен PCR или антигенски тест или потврда за прележан „Ковид-19“.

Испрати коментар

Scroll To Top