Во Загреб во периодот од 5-ти до 8-ми октомври 2022 година, ќе се одржи ArhiBau.hr, еден од најголемите саеми за градежништво во регионот, со стручна конференција во организација на Друштвото на архитекти на Загреб. Главни теми се предизвиците во врска со опоравувањето и отпорноста. Свеченото отворање ќе се одржи на 5-ти октомври во 9 часот, по што ќе се одржи тркалезна маса на тема глобални и локални предизвици за опоравување и отпорност. Веќе на првот ден од настанот, со главно конференциско предавање ќе се претстави реномираното холандско архитектонско студио MVRDV, не само на споменатата тема, туку и со презентација на своите архитектонски реализации.
Четиридневната програма на саемот и конференцијата се занимава и со други важни теми кои се однесуваат на сите чинители во градежниот сектор. Сите информации за настанот може да се најдат на сајтот www.arhibau.hr.