Насловна / Архитектура / Археолошки парк Принципиј во стариот град на Риека

Археолошки парк Принципиј во стариот град на Риека

01_web
Стариот град на Риека претставува единствен споменик од периодот на доцна антика во самиот центар на градот. Станува збор за воено утврдување на римската Тарсатика. По систематските археолошки истражувања во 2007 година, откриени се многубројни објекти, добро сочувани од римското пристаниште на влезот на комплексот.

04_web
При најновото истражување отворена е четвртина од комплексот, ископан голем дел од камениот поплочен двор, дел од страничниот двор со столбови, четири странични простории со камени прагови и монуметален средишен објект, најверојатно остаток на базилика.

02_web 03_web
Со проектот е предвидено да се обликува и презентира непосредната околина и посебно рабните зони на археолошкото наоѓалиште. Со регулацијата на јасни комуникациски насоки и читање на просторни авторитети, се тежнее да се потенцира главната тема и археолошкото наоѓалиште.

09_web 12_web
Употребата на материјалите е зависна од местото, а технологијата, структурата и текстурата во зависност од карактерот и значењето. Интенцијата е да се привлечат минувачите и посетителите, на слоевите асоцијации и чувство на далечно тајно минато, со што локалитетот добива некоја метафизичка и духовна димензија. Автор на проектот е професор Ненад Фабијаниќ, дипломиран инженер архитект, кој го изработува со своите соработници на конкурс од 2008 година, а конечна реализација добива во 2014 година.

07_web

16_web 17_web Model

Испрати коментар

Scroll To Top