Насловна / Арт и дизајн / Археолошки музеј – сугестивен водич низ македонското минато

Археолошки музеј – сугестивен водич низ македонското минато

tn.

Археолошкиот музеј на Македонија, кој неодамна се отвори во центарот на Скопје, е пресек на исклучително вредни археолошки пронајдоци од целата територија на земјата, некои за прв пат изложени тука, кои навистина вредат да се видат. На површина од шест илјади метри квадратни, распоредени во три ката, се претставени неколку илјадници експонати, кои, слободно може да се каже, се есенција на тоа што се вели археологија во Македонија.arheoloshki-muzej-so-cenovnik-za-posetiteli-187270

Изложбената поставка е замислена на начин што на посетителот му овозможува да се движи низ изминатите векови, почнувајќи од праисторија па до среден век, додека амбиентот е впечатлив и сугестивен. На приземјето се наоѓаат одделенијата за нумизматика, антропологија и лапидариумот, потоа како се качувате во погорните катови ги гледате материјалните остатоци од палеолитот, неолитот, енеолитот, бронзеното време, архајскиот, класичниот, македонско-хеленистичкиот и римскиот период, за на крај да се заврши со доцна антика и средниот век.Bronzen stit od 3 vek.p.n.e, Staro Bonce

Бронзен штит од 3 век пр.н.е. , Старо Бонче

Некои експонати ја имаат својата промоција токму тука. Еден од многуте репрезентативни примероци на новиот музеј е бронзениот штит од 3 век пр. н.е. откриен на локалитетот Старо Бонче во близина на Прилеп, кој првпат се изложува пред македонската и светската јавност. Во централниот простор на штитот е претставена 12-крака ѕвезда, во еписема, а околу неа се чита натписот на крал Деметриј. Кружното поле на бронзената плоча завршува со седум српести полиња во чија средина се изведени 8-краки ѕвезди. Штитовите припаѓале на војници од гардата на македонскиот владетел Деметриј II Полиоркет. Во Македонија се откриени уште два вакви штитови со симболите на македонското кралство, кои наскоро ќе бидат и презентирани. Според домашните научници, ова се ретки наоди во науката, слични примери има само уште во соседна Грција.

Staklena casa(dijatreta) od 4 vek, debarsko

Стаклена чаша од 4 век, Таранеш

Луксузната стаклената чаша од 4 век, т.н. дијатрета, најдена на локалитетот Таранеш близу Дебар, исто така има своја промоција во музејот. tnkhjb

Меѓу експонатите големо внимание привлекува реконструкцијата на т.н. „гроб на пајонската свештеничка“, најден во железнодопската некропола Лисичин Дол на локалитетот Исар Марвинци во Валандово. Во гробот се ставени култни бронзи, накитот и другите предмети кои биле најдени за време на ископувањата. Од Исар Марвинци е изложен и бронзениот појас пронајден во некрополата Лисичин Дол, кој е единствен ваков пронајдок кај нас. Појасот е богато декориран со розети и бил гробен прилог. Поголема група на теракотни фигури од римско време од истиот локалитет се дел од големата поставка. Меѓу нив е т.н. танчерка.Tancerka, terakotna figura od Isar Marvinci

Танчерка, теракотна фигура од Исар Марвинци

Навистина е преголем бројот на артефакти изложени во Археолошкиот музеј, затоа е и тешко да се издвојат предмети по вредност, бидејќи сите се од големо значење за периодот што го застапуваат. Во нумизматичкиот оддел на пример, вредно е да се спомене депото на монети од времето на Александар III Македонски од Прилепец, Прилепско, како и сребрените монети од 13 век најдени на Скопско Кале. Во лапидариумот е изложена познатата Венера Пудика од Скупи, а во музејот свое место најдоа и тетовската Менада, златниот накит и златните гулабици од Охридскиот регион од раната антика и од македонско-хеленистичкиот период, како и колекцијата на теракотните икони од Виничко Кале. Новиот Археолошки музеј на Македонија е капитален проект на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура.

Bronzen pojas od zelezno vreme, Isar Marvinci

Бронзен појас од железно време, Исар Марвинци

Tetovska Menada

Тетовска Менада

Grobot na t.n. pajonska sveshtenicka, Isar Marvinci

Гробот на т.н. пајонска свештеничка, Исар Марвинци

Испрати коментар

Scroll To Top