Насловна / Арт и дизајн / Годишната „Археолошка изложба 2013“ во Музеј на Град Скопје

Годишната „Археолошка изложба 2013“ во Музеј на Град Скопје

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
На 26 декември (14 часот) во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Археолошка изложба 2013“ (ретроспектива 2007- 2013) која традиционално се одржува во овој период од годината, како завршница од работата на археолошките наоѓалишта на македонската почва.
Оваа година, изложбата ќе биде ретроспективна и ќе ги прикаже вредните пронајдоци, кои почнувајќи од 2007 до 2013 година, беа откриени на локалитетите на територијата на Република Македонија и тоа: Хераклеја Линкестидска, Скупи, Вардарски Рид, Стоби, Кокино, Плаошник, Тетовско Кале (Балтепе), Градиште – с. Кнежје, Taurisium (Таор), Стибера, Св. Преображение – с. Зрзе, Цареви Кули, Исар – Штип, Баргала и Градиште – Неготино.
Повеќегодишните истражувања на овие локалитети беа составен дел од програмата на Владата на Република Македонија, а во координација со Министерство за култура-Управа за заштита на културното наследство беа реализирани од националните установи: Музеј на град Скопје, Заводите и Музеите од Охрид, Битола, Штип, Прилеп и Струмица, Музеј на Македонија, НУ Музеј Гевгелија, НУ Музеј – Куманово, НУ Стоби – Градско, Народен музеј – Свети Николе, Музеј на тетовскиот крај – Тетoво, како и со придружните активности на Националниот конзерваторски центар – Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top