Денеска, 29 јануари, во 10:30 часот, во центарот за дизајн „Јавна Соба“ ќе се одржи прес конференција на која ќе биде претставен проект за развој на архео-астрономскиот локалитет Кокино како туристичка дестинација.
Проектот се спроведува од страна на Националната установа музеј Куманово, во соработка со Локалната акциона група Абер 2015 и со поддршка од Проектот за експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и владата на Швајцарија.
На конференцијата ќе се обратат министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Лела Крстевска, директорката на НУ музеј Куманово, Анита Цветановска, и Мајкл Стиватер, директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Македонија.
Проектот за развој на Кокино како туристичка дестинација вклучува нова веб страна (www.kokino.mk) и видео спот за локалитетот, кои ќе бидат презентирани за време на прес конференцијата, како и аудио водич (во форма на мобилна апликација), поставување на патокази, реновирање на информативни табли, поставување на заштитни прегради за ранливите делови од опсерваторијата и оградување на локалитетот.