Architonic, платформа за продажба на производи од областа на архитектурата и ентериерот, го купила порталот ArchDaily за околу 10 милиони евра.
Во соопштението на сајтот на Architonic, со седиште во Цирих се вели дека двата бренда „стратешки ги здружиле силите за да ги конслоидираат своите пазари со амбициозен план за раст и иновации“
„И ArchDaily и Architonic ги основале архитекти и затоа делат ист DNA, што ги прави идеален пар“- изјавил Stephan Bachmann, CEO на Architonic.
ArchDaily и Architonic заедно имаат 180 милиони посети годишно, што е 30 пати повеќе од вкупниот број на архитекти и дизајнери на ентериер во светот, се наведува во соопштението. Овие два сајта ќе продолжат да функционираат засебно.
Architonic, кои има база од околу 400.000 артикли на мебел, кујни, ѕидови, подови, расвета и други производи, основан е во 2003. година од архитектите Tobias Lutza и Nils Becker. Becker потоа ја напуштил оваа работа.
Присвојувањето на ArchDailya доаѓа по пет години, откако Architonic е купен од швајцарската медиумска групација NZZ, која во 2015. година купила поголем удел во Architonic, а потоа во март годинава и преостанатиот дел.
Сајтот ArchDaily, кој исто така има база на архитектонски производи, прозорци, врати, облоги и други, основан е во 2008. година од архитектите David Assael и David Basulto. Седиштето на ArchDaily е во Чиле, а покрај главниот www.archdaily.com на англиски јазик, овој познат сајт постои и на шпански, португалски и мандарински јазик.
Онлајн архитектонските сајтови и понатаму во поголем број се независни од големите корпорации, а речиси сите се настанати во време на експанзија на Интернетот, токму како и Порта 3. Многу од нив и денес успешно функционираат, меѓутоа некои се угасени, а некои купени од големи медиумски групации.
Така на пример популарниот американски сајт за ентериери Design*Sponge во август минатата година престана да постои, по 15 годишна работа. Отприлика во исто време познатиот сајт, Design Milk е купен од страна на e-commerce платформата Ahalife.
Американскиот магазин Curbed е продаден на компанијата Vox Media во 2013. година, а минатата година овој сајт стана дел од New York Magazin.