Насловна / Вести / „АрцелорМиттал“: Челикот паметно решение за кровно покривање

„АрцелорМиттал“: Челикот паметно решение за кровно покривање

arcelormital

Челичните покривни решенија добиваат се поголема популарност насекаде во светот откако архитектите, дизајнерите и сопствениците на куќи бараат стилски модерни алтернативи на традиционалните материјали. Фирмата „АрцелорМиттал“ ја презентираше својата производствена линија на челичен пластифициран лим „Deep Mat“ кој е извонреден, цврст, атрактивен и погоден материјал за разни надворешни конструкции за резидентни, комерцијални или индустриски објекти. arcelol mital

На презентацијата, за бенефитот од користењето на челичните покривни решенија, говореа Хуан Педро Хименез Наваро, извршен директор на „АрцелорМиттал Скопје“ , продеканот на Архитектонскиот факултет проф.д-р Александар Радевски, Андре Лавуд кој е проект менаџер на „АрцелорМиттал“ за Европа и маркетинг директорот на „Wetterbest“ од Романија, Лаура Флореску. Сите излагачи имаа заеднички став дека челикот е најдоброто решение за кровна конструкција, но и за примена во сите елементи на градбата.

„Челичната конструкција може да биде суптилна и декоративна. Тоа е еден сосема поинаков материјал без кој денес не може да се замисли градежништвото“, рече проф.д-р Александар Радевски.

Учесниците во презентацијата се осврнаа и на сите градби во светот кои се направени од челик, а кои се уникатни и трајни.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top