Насловна / Архитектура / Аравена поканет во Лисабон да ја проектира новата зграда на националната енергетска компанија

Аравена поканет во Лисабон да ја проектира новата зграда на националната енергетска компанија

a00736219 006

Чилеанскиот архитект и добитник на Прицкеровата награда за 2016-та, Алехандро Аравена е поканет во Лисабон да го изработи проектот за новата зграда на енергетската компанија EDP (Energias de Portugal), после  изградбата на зградата на седиштето на компанијата според проект на Aires Mateus.

SONY DSC

На крајот на 2016 година, португалскиот архитект João Luis Carrilho da Graça беше поканет да проектира хотел како придружна содржина на одредени објекти на EDF, и промена на ентериерот на некои згради. Проектирањето на објектот на Аравена ќе стартува откако целосно ќе се сруши постоечкиот стар објект на предвидената локација, а меѓу барањата во проектната програма предвидено е целосно вклопување и претопување на објектот со околината и придружните содржини, како и непречен поглед кон реката Тагус.

Aires_Mateus EDPortugal

Претседателот на компанијата EDP очекува проектот да заврши во целост до 2020 година. EDP е една од најголемите енергетски компании во Европа и меѓу најмоќните компании во Португалија.

Aires Mateus EDP zgrada

 

 

 

 

 

Извор: Publico

Испрати коментар

Scroll To Top