Насловна / Архитектура / Арата Исозаки добитник на Pritzker 2019

Арата Исозаки добитник на Pritzker 2019

Јапонскиот архитект Арата Исозаки е овогодинешниот лауреат на најпрестижната награда во архитектурата, Pritzker.
Исозаки се смета за највлијателен повоениот архитект на Јапонија. Тој е 46-тиот добитник на Pritzker, а осмиот јапонски архитект кој ја добива оваа чест.

6
Жирито на Pritzker го опиша како “разновиден, влијателен и вистински меѓународен архитект”.
Роден е 1931 година во Оита на Кјушу, трет по големина остров во Јапонија. Арата Исозаки имал само 14 години кога САД ги фрлиле атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки. “Кога бев доволно возрасен за да почнам да го разбирам светот, мојот роден град беше запален”, вели Исозаки. Бомбардирањето на Хирошима, блиску до неговиот град, имало големо влијание врз него како дете. “Јас пораснав од нула”, се присетува тој. “Се беше во целосни рушевини и немаше архитектура, немаше згради, немаше ниту град. Ме опкражуваа само касарни и засолништа. Моето прво искуство во архитектурата беше празнината на архитектурата и почнав да размислувам како луѓето ќе ги обноват своите домови и градови “.

0

Футуристички проект „Град во воздух“, 1962

Закрепнувањето на Јапонија од војната ги дефинирало почетоците на архитектурата на Изозаки. Дипломирал 1954 година на Универзитетот во Токио, каде студирал под менторство на „нашиот“ Кензо Танге , лауреат на Pritzker во 1987 година.
Во 1963 година го основа бирото Arata Isozaki & Associates. Станува еден од најплодните архитекти, градски планер и теоретичар.

oita

Медицински дом во Оита

Во раните години во својот роден град Оита ги проектира медицинскиот дом и објектот на библиотеката кои се под силно влијание на европскиот брутализам. Исозаки ги спојува овие идеи со оние од јапонското повоено метаболистичко движење, кое црпело инспирација од природата.

oitabibl

Библиотека во Оита

Добитник е на златниот медал на RIBA за архитектура во 1986 година, а 1996 е награден со Leone d’Oro на Венециското архитектонско биенале.
Неговата кариера се протега повеќе од шест децении, а неговота работа се состои од повеќе стотици објекти ширум светот, Азија, Европа, Северна Америка, Средниот Исток и Австралија.

4

Ark Nova со Аниш Капур, 2013

Исозаки и покрај светската кариера никогаш не ја заборавил својата земја. По земјотресот и цунамито во 2011 година кога се опустошија делови од Јапонија, тој ја создаде Ark Nova со Аниш Капур, патувачка концертна сала на надувување, што може да ги посети погодените области.

5

Museum of Contemporary Art, Los Angeles, 1981-1986

Овогодинешното жири на Pritzker во кое членуваа победниците од 2007, Ричард Роџерс и 2010, Сеџима Казујо, ги сумираше животните достигнувања на Исозаки, истакнувајќи: „Тој е првиот јапонски архитект кој создаде длабока и долготрајна врска меѓу истокот и западот. Поседувајќи длабоко познавање на архитектонската историја и теорија и прифаќајќи ја авангардата, тој никогаш не реплицирал само status quo, туку го предизвикувал. ”

mito

Art Tower Mito, Ibaraki, 1990

Доделувањето на аградата Pritzker 2019 ќе се одржи во Франција во мај, придружено со предавање во Париз.

3

Tsukuba Center, Ibaraki, 1983

barca

Спортска сала за Олимписките игри во Барселона, 1992

kina

Museum of the Central Academy of Fine Arts in Beijing (2003-2008)

doha

Qatar National Convention Center, 2011

milano

Allianz Tower (Il Dritto) (2015), in Milan, Italy (Arata Isozaki and Andrea Maffei)

Испрати коментар

Scroll To Top