Насловна / Вести / Арапска компанија ќе гради луксузен комплекс во близина на Сараево

Арапска компанија ќе гради луксузен комплекс во близина на Сараево

olimpijski-centar-jahorina-u-funkciji-sestosjedi-i-bejbilift_1421768559

Градежна компанија од Обединетите Арапски Емирати соопшти дека планира да изгради луксузен комплекс во вредност од 2,3 милијарди евра на планина во близина на Сараево.

Комплексот ќе се наоѓа во ски-центарот, каде пред 31 година се одржаа Зимските Олимписки игри.

Градоначалникот на општина Трново, Ибро Берило, изјави дека е потпишан меморандум за соработка со директорот на градежната фирма „Бурој“ од Дубаи, Исмаил Ахмед. Проектот вклучува изградба на вили, хотели и трговски центри.

Ахмед истакна дека бил изненаден од убавината на реонот околу планината во близина на Сараево, додавајќи дека неговата компанија ќе биде подготвена да започне со градежните работи кон крајот на годинава.

Проектот ќе биде најголема странска инвестиција во оваа област во БиХ. 

Испрати коментар

Scroll To Top