Хотелот Вернет неодамна претпрел трансформација која воспоставува рамнотежа помеѓу смели и јаки бои и лесна свежина. Објектот е како дом на колекционер на слики или галериски простор во музеј, со тоа што во самата внатрешност се изложува серија на апстрактни уметнички дела кои го инспирирале уредувањето на мебел.
Дизајниран од Francois Champsaur, хотелот Вернет и понатаму ги задржува своите иконични стаклени витражи на куполите во главната трпезарија, додека истовремено се вметнуваат и нови модерни елементи како бакарниот лустер во форма на прстен од Eric Schmitt, извиениот бар изработен во истиот Carrara мермер во кој е изработен и подот, како и фреската од Jean-Michel Alberola што се наоѓа на плафонот. Крајниот резултат дава традиционален и модерен односно креативен и смирен израз на целокупниот внатрешен простор.