Насловна / Вести / Apple во процес на изработка на електричен автомобил

Apple во процес на изработка на електричен автомобил

Apple-Car

Сопственикот на Tesla Motors неодамна изјавил дека е „јавна тајна“ дека Apple работи на изработка на електричен автомобил кој на пазарот ќе може да биде директна конкуренција на познатиот теслин модел. Исто така, тој предвидува дека возилата што не ќе можат да се возат автономно, во блиска иднина ќе станат „чуден анахронизам“, односно дека никој не ќе сака да купи возило без автономни функции за возење. Овие негови изјави се дадени за интервју на BBC. Кинеската компанија Faraday Future и Apple вработиле инженери кои претходно работеле во Tesla на оваа проблематика. Apple, пак, формално нема објавено дека работи на електрично возило, иако неодамна регистрираше неколку интернет-домени поврзани со автомобилите, вклучувајќи ги  “apple.car”  и “apple.auto”.

apple-car-in-2019-report

„Прилично е тешко да се сокрие дека имаш амбиција да направиш електрично возило ако вработиш над 1.000 инженери на тој проект“, заклучува иновативниот сопственик на Tesla. Тој не смета дека Apple може да биде закана за неговата компанија на ова поле. „Напротив“, вели тој, „ние се стремиме  да направиме што поквалитетен и поефикасен електричен автомобил, истовремено помагајќи им и на другите во развојот на е-мобилноста“.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top