Компанијата „Apple“ соопшт дека ќе го гради својот нов дата центар во Данска вреден 920 милиони долари кој ќе користи исклучиво енергија од обновливи извори. Почетокот на градбата на овој објект кој ќе вработува 50 до 100 луѓе е закажана за последниот квартал од 2017, а работите целосно ќе завршат на почетокот на 2019. Суперкомпјутерите односно големите дата центри генеритаат голема количина на топлинска енергија, а тоа од друга страна значи сериозна потрошувачка на електрична енергија за ладење.
Компанијата истакнува дека ја избрала Данска за овој свој проект поради можноста за користење 100% енергија од обновливи извори, но и поради доверливоста и сигурноста на данската национална електроенергетска мрежа. Во 2015 година, Apple по слична цена го изгради својот прв дата центар во Данска, во Виборг, на северот од земјата.