Компанијата Apple најави буџет од 300 милиони УСД за промовирање на проект за чиста енергија во Кина. Apple ќе вложи средства заедно со уште 10 свои добавувачи, во наредните неколку години, во кинескиот фонд за чиста енергија со цел зголемување на користењето на обновливата енергија во својот синџир на снадбување.
Овој фонд со кој управува трето лице, т.е компанијата DWS Group, ќе вложи во развивање на 1GW зелена енергија, што е доволно за снабдување со електрична енергија на милион домаќинства.
Apple како компанија е позната по тоа дека води сметка за екологијата, и по принципот на општествена одговорност, организира разни акции и проекти поврзани со заштитата на животната средина. Порано оваа година, Apple издаде соопштение дека во своите главни фабрики користи 100% чиста енергија.