Tom Cook, еден од главните луѓе во компанијата Apple минатата недела изјави дека Apple планира да инвестира во Кина во однос на нејзината околина и развој на економијата со поставување на обновливата енергија една од главните аспекти во државата. Во наредниот период ќе се постават преку 200 мегавати соларни проекти насекаде низ земјата што е доволно да се избегнат емисиите од гас од самата компанија на Apple.
Поставените 200 мегавати воедно се еднакви на количината електрична енергија, која што ја користат околу 265.000 домови во Кина, а истовремено главната цел на овој проект е да се елиминираат околу 20 милиони метри кубни штетни емисии од гас до крајот на 2020 година. Поради оваа цел, Apple ќе постави дополнителни 19 канцеларии и 24 продавници кои што ќе бидат карон неутрални и обезбедени со 40 мегвати соларна електрична енергија.