Откако минатата недела Apple најави нови верзии на софтверот за своите уреди, но и новата генерација на MacBook Air, оваа недела се појавија нови информации за идните производи на компанијата. Станува збор за нови уреди кои компанијата има намера да ги воведе во следните две години, а со кои се влегува на еден целосно нов пазар – проширена и виртуелна реалност.
Претходните информации укажуваа на тоа дека првиот модел на VR очилата на Apple, веќе на почетокот на месецов требаше да бидат презентирани, но сепак најверојатно тоа ќе се случи најрано до крајот на годинава. Имено, се очекува Apple да презентира дури два вакви уреди – наследници на првите VR очила, но и своите први очила со поддршка за проширена релност. Иако официјални детали за овие очила не се познати, според дизајнот тие би требало да бидат слични со класичните очила за вид, така што кај нив технологијата нема да биде во прв план. Слично како и кај првата генерација на Apple часовници, тие треба да бидат зависни од iPhone. Што се однесува до VR уредот, тој би требало да биде поголем и помоќен, а ќе има и поголеми можности, односно можности за прикажување на AR и VR содржини во висока резолуција. Исто така, тоа ќе биде самостоен уред кој не ќе мора да се поврзува со iPhone.