Американската технолошка корпорација Apple, развива нов уред за т.н паметни куќи, односно автоматизирани домаќинства, кој ќе биде опремен со голем екран и роботска рака. Проектот со кодно име J595, одобрен е уште во 2022 година, но активната работа на развојот на уредот, во која учествуваат стотина луѓе, е сосема на почетокот. Новиот уред ќе му овозможи на корисникот на далечина да го контролира системот на паметната куќа и да учествува во видеоконференции. Екранот ќе може да ротира во полн круг, а уредот ќе има и платформа за вештачка интелигенција Apple Intelligence. Проектираната цена на уредот е 1.000 долари, а се очекува да се најде во продажба до 2026 или 2027 година.